Затвореник од Идризова, кој користел викенд, вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Центар.



Според  МВР, 43-годишниот Д.С. од Гостивар, вчера околу 17 часот бил фатен од полицијата.

„Околу 16 часот и 45 минути со закани се обидел да земе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е вратено во затвор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.