Менаџерот на Кристијано Роналдо и соработниците на претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез според повеќе извори започнале преговори за продолжување на сегашниот договорот на Потругалецот. Според истите Роналдо сака да скокне од 22 на 30 милиони евра нето што Перез сметал дека е премногу со оглед на тоа дека ова се однесува на период по три сезони, кога напаѓачот веќе ќе има 36 години.
Во истовреме по неколку основи, а најмногу поради судскиот процес за затајување данок Роналдо најавуваше враќање во Англија.




