Изгореа стотици гласачки ливчиња на две изборни места во САД (ВИДЕО)

Се запалија гласачките кутии на две избирачки места за време на претседателските и конгресните избори, при што изгореа стотици гласачки ливчиња.



Пожарот избувна најпрвин во градот Портланд во државата Орегон, а потоа и во Ванкувер во соседната држава Вашингтон, на западниот брег на САД.

Според првичните информации, пожарот избувнал во аголот на салата каде што биле сместени гласачките кутии а густиот чад набрзо ја исполнил просторијата, принудувајќи ги гласачите и вработените веднаш да се евакуираат.

Станува збор за стотици гласачки ливчиња.

Веднаш е покрената истрага за да се утврдат причините за пожарот.

Прелиминарните резултати од истрагата упатуваат на можни технички пропусти, иако се шпекулира и за можен човечки фактор или саботажа, што предизвика дополнителни сомнежи и загриженост кај јавноста.

Инцидентот предизвика незадоволство кај гласачите и политичките актери, бидејќи многумина изразија загриженост поради можната загуба на гласови и влијанието врз вкупните резултати од изборите.

Портпаролот на локалната изборна комисија изјави дека на сите гласачи погодени од овој инцидент ќе им се даде можност повторно да гласаат и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди интегритет и транспарентност на изборниот процес, пренесува ABC.