Со 64 гласови За Собранието ги изгласа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Законските измени ќе ја укинат забраната за државно рекламирање на централната и општинската власт, на приватните телевизии, која што беше воведена во 2018 година.
Со овие измени националните телевизии од една страна и сателитските и кабелски телевизии од друга, делат по 40 отсто од финансиите за државното реккламирање, 15 отсто се наменети за локалните и регионалните телевизии а 5 отсто за радијата.
Новинарските организации и граѓанските здруженија од медиумскиот
сектор во Македонија, категорично се спротивставуваат за враќање на државното рекламирање во медиумите.
Законот со европско знаменце беше поднесен лани во ноември.





