Во првите четири месеци извозот од Македонија е намален за 5,3 отсто, додека увозот е зголемен за 3,8 отсто .
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во периодот јануари-април годинава изнесува 2. 639,1 милиони евра што е за 5,3 % помал во однос на истиот период од претходната година.
Наспроти тоа, вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.754,9 милиони евра, што е за 3,8 отсто повеќе во однос на првите четири месеци од минатата година.
Како што објави денеска Државната агенција за статистика, трговскиот дефицит во периодот јануари-април изнесува 115,8 милиони евра.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен основните), другите метали од групата на платина и нивните легури, непреработени или во прав, платината и легурите на платина, непреработени или прашина и електрична енергија.
Во периодот јануари – април 2024 година, според вкупниот обем на комерцијална размена, Македонија повеќе тргуваше со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.






