Јован Деспотовски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека нема нешто неочекувано, со огле дека имавме и извештај од ЕК и треба да си признаеме дека работите не секогаш се такви какви што посакуваме.
- Ако сакаме да бидеме чесни и фокусирани, тоа ќе биде добра почетна основа за следната влада во наредните четири години. Да се фокусира на слабите точки и да испорача добар резултат. Се нотираше дека големи биле очекувањата кај граѓаните во 2017, карактеристиката била недемократската влада и режимот. Добар дел од работите беа ветени од страна на СДСМ во 2017 и 2020 и дел од работите се реализирани. Реална ситуација и реален пресек на нештата и ова треба да е појдовна основа, рече Деспотовски.

Македонија останува хибриден режим, за разлика од Украина или Молдавија не презеде мерки против корумпираните мрежи. Ова стои во извештај на Фридом Хаус.
Македонија страдала од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија.
Осврнувајќи се на Македонија поконкретно, извештајот вели дека државата е „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена. Станува збор за „комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени“, објаснува Фридом Хаус илустрирајќи го тоа во случајот на Северна Македонија со примерот на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство од 2017.
- „За разлика од Украина или Молдавија, Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на истата група партии, како што тоа се правеше со децении. Националистичката партија на Груевски ја опструираше работата на Парламентот додека e опозиција и беше фаворизирана за да победи на претседателските и парламентарните избори во 2024 година“, пишува во извештајот.





