Осумгодишen пекинезеr по име Wild Tang е крунисано за победник на натпреварот за најгрдо куче во светот во 2024 година, пренесува Гардијан.
Натпреварот се одржа во калифорнискиот град Петалума, каде што се сретнаа осум финалисти – главно кучиња со тешка судбина кои најдоа дом по долги талкања и живот во засолништа.
Wild Tang од Орегон стана победник откако учествуваше по петти пат.
Необичниот изглед на пекинезерот е последица на тешка заразна болест. Поради тоа, растот на забите на кучето се забави, а потоа престана, поради што кучеето оди со постојано испакнат јазик. Покрај тоа, болеста влијае и на работата на мускулите – оттука и донекаде чудното одење на кучето.
Wild Tang и неговата сопственичка Ен Луис ќе добијат награда од 5.000 долари и настап во телевизиско шоу на NBC.
Натпреварот за најгрдо куче на светот се одржува речиси 50 години.
Главната порака на натпреварот е дека таканаречените „несовршености“ го прават секое куче уникатно, посебно и различно од другите.






