Вчера, на 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во македонското Собрание.
Оовие два неработни дена нема да се одработуваат.
Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.МИА





