Избори: Уапсена претседателка на „Заедница на дел од народ“ во Македонија

Попладнево од страна на полицијата е уапсена претседателка на Заедница на една од помалите етнички групи во Македонија која што е и кандидатка за член на совет на една од коалициските листи, тврдат нејзини сопартијци.
Според пратеник во Собранието и претсетадел на нејзината партија кандидатката за советничка била уапсена додека ја сликала полицијата која што „на неадекватен начин учествувала во изборниот процес“.
Кандидатката сакала да ги слика полицајците кои што го нарушувале изборниот процес по што тие сакале да и го одземат телефонот а откако таа не го дала била приведена.
Државниот терор продолжува, напиша на Фејсбук претседателот на партијата каде што членува уапсената која што е сеуште во полициска станица во очекување да пристигне нејзиниот адвокат.