Како Игор Југ му пиша на Груевски од Затвор?

Еден од учесниците на настаните во Собранието од 27-ми април, Игор Југ, кој сега е во притвор, упати закани до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.



На својот Фејсбук профил и под прекарот Владо Георгиев Черноземски, приведениот Игор Југ напиша дека на поранешниот премиер не му било гајле што „они гинеле за него, и што скокале во оган“.

Не е јасно како на притвореник во истражно одделение во „Шутка“ му е дозволено да користи мобилен телефон да пишува на социјалните мрежи. Кај набљудувачите постои и дилема дали Југ навистина напишал порака или пак се работи за уште еден пропаганден трик во политички цели.

Игор Југ во пораката преку Фејсбук го потесетува екс-премиерот дека во 2003-та тепал за Груевски да стане лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Името на приведениот во Куманово во петокот, се појави во јавноста пред неполн месец кога разузнавачот Горан Живаљевиќ, кој беше причина за скандалот со повлекувањето на персоналотод српската амбасада во Скопје, посочи на него како потенцијален атентатор кој со оружје влегол згарадата на Собранието на 27-ми април со намера да го убие тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев.

Југ моментно е во притвор во траење од осум дена.