ИВЗ со обвинувања дека владата ги прислушувала нејзините лидери

Според последниот извештај на американскиот Стејт Департмент кој се однесува на 2016 година, еден од проблемите на муслиманската верска заедница во Македонија е што властите одбиваат да издадат дозволи за градба или за обнова на џамии.



Конкретно ИВЗ на американските власти им се пожалиле затоа што владата не им дава дозвола за обнова на џамијата во Прилеп која што беше запалена во 2001 година.

Главното тело на муслиманите во земјата, ИВЗ, тврди дека владата продолжила илегално да ги прислушува лидерите на заедницата, пишува во извештајот за религиозни слободи на американскиот Стејт Департмент за минатата година.

Според истиот извештај Бекташката заедница во Македонија пријавила насилство од индивидуалци поврзани со ИВЗ а се споменуваат и случаи на антисемитски говор на социјалните медиуми и вандализам на религиозни објекти.