„…Дадената доверба значи уште поголема заложба и ангажман во интерес на граѓаните, особено затоа што како министер за односи со заедниците ќе работам за рамноправност на сите етнички заедници и подобрување на условите за живот на сите граѓани во нашата земја“, објави на социјалните мрежи Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците и заменик-претседател во Владата.
„Благодарен сум за дадената доверба и она што можам да го ветам е дека максимално ќе ја оправдам довербата на граѓаните, ќе останам подалеку од криминалот и корупцијата, како и дека ќе вложам максимум од моите можности како во организацијата на работата на министерството со кое ќе раководам, така и во делот на реализација на ветувањата дадени во предизборниот период.
Прифаќајки ја фунцијата во потполност ја прифаќам програмата на Владата во целост и со посветеност ќе работам на нејзината реализација. Би сакал уште еднаш да истакнам дека особено ми е драго што унапредувањето на македонско-српските односи, во што активно учествувам со децении, доведе до тоа Македонците да ја чувствуваат Србија како свој најблизок сосед, а Србите – пријателски народ на кого секогаш може да сметаат“, објави Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ на Фејсбук.






