Иванов: Законот за јазици мора да биде во согласност со Уставот

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека ќе се произнесе за Законот за употреба на јазиците откако ќе му биде доставен на потпишување, истовремено барајќи тој да биде во согласност со Уставот и со националните интереси.



„Со внимание ја следам расправата за Законот за јазиците, но нацрт-текстот сè уште не пристигнал кај мене во кабинетот. Имаме голем број стручни мислења и од експерти од јавноста, па кога ќе го добијам законот тогаш и ќе се произнесам за него. Тој мора да биде во согласност со Уставот и со националните интереси“, рече Иванов.