Професорката Гордана Силјановска смета дека ветото на претседателот Ѓорге Иванов на Законот за употреба на јазиците, кој минатата недела беше усвоен во Парламентот, не треба да зачудува.
„И во дискусиите во парламентот во 2008 година за тогашниот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението во Република Македонија и во единиците на локалната самоутрава се зборуваше дека со тоа се заокружува јазичното прашање“, вели професорката Гордана Силјановска-Давкова во интервју за „Фактор“ и потсетува дека на тој закон тогашниот претседател Бранко Црвенковски стави вето.
„Значи, логично заклучувам, дека ако тогаш имало причина за вето, зошто ветото било ставено исто така поради неуставност на одредбите, тогаш замислете што требаше да направи претседателот на Република Македонија сега?“, прашува таа.




