Билјана Ивановска, поранешна претседателка на антикорупциската комисија, која ја иницираше уставноста на „балансерот“, ја поддржува одлуката на Уставниот суд за проширување и отворање предмети за мерката што наводно требаше да донесе правична застапеност во администрацијата.
Таа во најавата за емисијата „Програм 200“ на Алсат ТВ вели дека системот каде заслугите ќе бидат на прво место и со отстранување на етничката припадност како специфичност, може да донесе подобра администрација.
Ивановска е против новото законско решение, кое го најавува владината колаиција. Според поранешниот прв човек на ДКСК, тоа нема да донесе ништо ново.
Од друга страна, таа рече дека не се чувствува виновна за големите политички реакции предизвикани од одлуката на Уставниот суд, бидејќи се бори сите граѓани да бидат еднакви.






