Ивановска: Алчноста нè убива, корупција има во секоја пора на општеството

 

 

„Кај нас сите пори се зафатени со корупција. Сега нас ни се случи дека корупцијата вистински убива“, изјави поранешната претседателка на Антикорупциска комисија  Билјана Ивановска во 24 анализа.

„Свесноста на носителите на функции не беше на виоско ниво и граѓаните беа многу попустливите. Се вртиме во круг.

Ова е ладен туш за сите и ќе ги отрезни сите и ќе бидат посвесни и ќе и звлечеме поука од се ова. Ситуацијата е комплексна и последиците кои ги носиме се од психолошки аспкет. Психолозите имаат еден куп работа, прво да ги вратат назад во нормала сите посебно тие што беа директно вклучени. Ни треба поголема психолошка свест…

Може ли еден човек да живее во 10 стана да вози 10 коли? Не. Алчноста не убива“, рече Ивановска.

Таа објасни и дека потреба е целосна дигитализација во сите процеси меѓу државниот и приватниот сектор.

„Секаде каде што има допир државниот и приватниот сектор треба да биде дигитализирано и да се знае, да нема мешање. Мислам дека сега го допревме дното. Но, сега свеста кај луѓето е поголема, ќе истраат, ги боли, не ги боли – ги пржи веќе.

Сега почна да се растрчува по сите видови. Кај е градежната мафија, треба да ја тужиме државата немаме взодух, немаме дрвце, во бетонизација живееме. Ова сега е како некоја домаќника што не чисти дома и одеднаш прави генералка. Така и ова или системски ќе се работи или не.

Сите инспекции треба да прават системски контроли и вонредни“, вели Ивановска.