Зеќирија Ибрахими од ВРЕДИ смета дека ДУИ треба да оди во опозиција и да не се повикува на легитимитет, бидејќи, според него, „Европскиот фронт“ нема таков легитимитет од Албанците.



„Кој e претставник на Албанците, Исмаил Јахоски од ДУИ или онаа девојка од ‘Фронтот’ од Шуто Оризари? праша Ибрахими.

Тој вели дека ВРЕДИ имаше и гласови од други етникуми, но дека биле избрани со албански гласови, па го имаат легитимитетот.

„Тоа беа правилата на изборната игра, ние со албански гласови тие со немнозинска коалиција“, рече Ибрахими во „Клан дебата“.

Тој рече дека Христијан Мицкоски го прифатил ВРЕДИ во владата како претставник на албанските гласачи.

„ДУИ, да оди во опозиција, нека се вразумат и нека не тагуваат.

Ахмети, да оди во опозиција и да размисл размислам како ќе се натпреварува на следните избори“, порача Ибрахими како што пренесува Telegrafi.