Ибрахими: ДУИ го започна животот со УЧК, а го заврши со „Соравија“

Лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, на средбата со партиските структури и активисти во Дебар, меѓу другото изјави дека ДУИ која животот го започна со ОВК, заврши со „Соравија“, јавува „Телеграфи



„Партија која животот го започна со ОВК, заврши со Соравија. А, кога ќе дојдеш до точката „Соравија“, тогаш не може да се зборува за средства за развој на општините“, изјави Ибрахими и додаде дека тие имаат обврска да се грижат за општините.

„Политичарите немаат зошто да се фалат дека ставиле асфалт. Тие луѓе побараа мандат да направат асфалт, да поставуваат осветлување, да градат водоводи. И тоа не е работа на која некој треба да биде особено горд и награден затоа што поставил електрична сијалица. Тоа е наша обврска“, рече Ибрахими.