Ибрахими: Во ДУИ ги обзеде страв и очај на кого му е редот по Иџет Мемети!

Зеќирија Ибрахими, претседателот на Алтернатива, од коалицијата Вреди, вели дека ДУИ се обидува да го измами своето членство, правејќи пропаганда „дека оваа влада нема да издржи повеќе од три месеци“. Ова го објави информативниот портaл „Тетова сот“.



„Тетова сот“ ја пренесува изјавата на челникот на Алтернатива Ибрахими, од коалицијата Вреди: Пропагандата дека „оваа власт нема да трае повеќе од три месеци“, која има неискажана смисла дека „Соравија“ ќе се врати повторно на власт, одразува длабок и незамислив очај на сопствениците на казината од опозицијата, но испраќа и уште две пораки:

1. Да се задржи партиската структура, барем до локалните избори, со надежта „ние ќе се вратиме за бргу“

2. Да го одбегнат стравот, што  ги обзел околу тоа на кого му е сега редот по Иџет Мемети.

Но, за среќа на Албанците и на нивна несреќа, не само што овие од ДУИ нема да се вратат во владата, туку нема да опстојат ниту како опозиција, како што тргнале со вакво жалосно и самоизмамувачко однесување. Нивното заврши!