Ибрахими: Албанската академија во Р*М ќе почне со работа во 2025 – Прво ќе ја финансираат Чаир, Тетово, Желино и Гостивар од буџетите

„Одлучивме Албанската академија на науки и уметности во * Македонија да започне со работа во 2025 година. Првично ќе ја финансираат од своите буџети четири општини: Чаир, Тетово, Желино и Гостивар. Одлучивме и во меѓувреме да се работи на нејзино уредување со закон.“изјави Зеќирија Ибрахими, претседател на партијата Алтернатива, која е членка на албанската коалиција Вреди, во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ ја цитира изјавата, што ја даде Ибрахими во овој контекст: „Ние ја поддржавме идејата на албанските академици за Албанската академија на науки и уметности. Имавме и во нашата владина програма дека дека треба да се основа ваква Академија на науки и уметности. Во многу земји во светот имаат по неколку неколку академии и тие не се основани само во етничка смисла, туку во научна смисла. Никој не треба да се чуди кога зборуваме за академија. Јас се чудам со македонската јавност: кога ние зборуваме за академија, ним им се чини дека зборуваме за војска. Одлучивме во 2025 година првично четирите општини Чаир, Тетово, Желино и Гостивар да ја поддржат финансиски Албанската академија на науки и уметности со своите буџети, а во меѓувреме да се работи на нејзиното уредување со закон.“