Ибраими ги испровоцира Македонците и спречи поголема поддршка за Шкендија

И покрај тоа што се обиде да избегне политика и да се задржи само на спортски теми фудбалерот на Шкендија која во квалификациите за лига Европа утре игра против италијанскиот гигант Милан, предизвика негативни реакции кај македонските фудбалски фанови.

Во интервју за италијанскиот весник Кориере  Де Ла Сера  најдобриот стрелец на Шкендија Бесарт Ибраими,  најпрво вели дека не сака да зборува за политика затоа што тој и неговите колеги се само фудбалери.



„За мене е големо задоволство, но и чест. Ја оставам политиката на страна, бидејќи ние сме само фудбалери, но можам да речам дека се чувствувам како Албанец и горд сум на тоа. Од друга страна, многу мои сонародници се фанови на Милан, па тоа ќе му даде уште поголем шмек на натпреварот“, изјавил Ибраими.

Веднаш потоа на второто прашање Ибраими не можел да ги контролира своите чувства и го кажал тоа што е спорно за македонскиот дел од фубалската јавност кој што мешањето на националните со спортските теми сигурно ќе го отргне од поддршката за Шкендија утре. Лошата и провокативна порака на Ибраими не може да се поништи ниту со почитта што ја има за Панчев.

„Шкендија е симбол на сите албански територии и секој Албанец во светот ја сака. Големо е задоволството и нè прави среќни тоа што еден голем фудбалер и вистинска македонска фудбалска легенда како Панчев навива за нас“, изјавил Ибраими за италијанскиот весник.

Пораката од Ибраими сигурно ќе влијае и кај политичарите кои што утре планирале да бидат дел од публиката.

На еден од ланските мечеви на Шкендија во Европа лигата против белгиски Гент присутен беше и тогашниот лиде рна опозицијата а сега премиер Зоран Заев, но засега нема најава дали тој и утре ќе ја бодри Шкендија на Филип Втори Арената.

Навивачката група на Шкендија важи за една од најнационалистичките групи во земјата а на нивните натпревари истакнуваат и симболи на настани и личности од албанската историја како соработникот на фашистите Џемо Хаса кој во македонската историја се памети како убиец на голем број Македонци во втората светска војна.