Познатиот модел Хајди Клум неодамна го потврди крајот на тригодишната врска со Вито Шабел. Првично се мислеше дека причината е неверството, но сега се чини дека Вито имал проблеми со законот.

Вито бил уапсен и кај него полицијата пронашла псилоцибински печурки кои имаат халуциногени својства. Тој следниот ден платил кауција и ќе се брани од слобода, но веднаш по овој настан Хајди го напуштила.




