Зошто фирма што добила тендер од 9 милиони евра му купила џип на Филипче, прашува денеска ВМРО-ДПМНЕ од каде од социјалдемократите бараат наместо да фабрикуваат списоци, СДСМ да кажат како 9 милиони евра од набавка на јаглен завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче.
„Интересно е како денес, кога излеговме со информации и докази како 9 милиони евра од од набавката на јаглен за ЕСМ во време на СДС завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче, СДС прави фабрикувани списоци“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според ВМРО-ДПМНЕ споменатата фирма му купила џип на лидерот на СДСМ.
„Наместо да одговорат како 9 милиони евра завршиле кај нивниот партиски лидер и поранеше лидер, тие се служат со лаги.
Исто нема одговор, како фирмата која го внесувала јагленот во Македонија на Филипче му купила џип?
Венко Филипче треба да почне да дава одговори, наместо да ги тера во партијата да измислуваат лаги.
Воедно чекаме ЈО да почне да постапува“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Најчитани статии
Глобалниот гигант што ги потцени Македонците
Маркетинг фијаско – Македонската Кока Кола ги навреди сите Наталии, како Наталија стана Намалија
Другарите не можеа да го спасат, полицијата сепак стигна до него
Без милост: Од меч за висок ризик исфрлен навивач со маица со симболите на УЧК (ВИДЕО)






