Зошто се повеќе се гине на работни места во Македонија?!

Во Макеоднија се гине на работното место, велат од здружението, посочувајки ги статиските од годишниот извештај за 15 загинати и 93 повредени работници, официјално, а неофицијално над 150 луѓе. По тој повод, петнаесет дрвца, по едно за секој згаснат живот на работно место во 2023. Здружението за заштита при работа симболично засади садници во Скопје, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.



Најмногу смртни случаи имало во градежништвото, а најмалку повредени во преработувачката индустрија. Негрижата, неказнувањето на оние кои не ги почитуваат законите, како и недостаток на анализа за причините кои довеле до тоа, се главните пречки за безбедноста на работниците, смета Милан Петковски, во интервјуто за МРТ1.

Во Скопје лани загинале тројца рабтници, по двајца во Тетово, во Куманово, во Струмица, во Охрид. Скопје е на врвот и по бројот на повредени – 30 работници за една година. Зад него се Куманово со осум и Гостивар со седум.

Денешниот ден, 28-ми април е Светски ден за безбедност и здравје при работа. Во фокусот на овогодинешното одбележување е влијанието на климатските промени врз работните места и потребата за градење на посоодветни системи за безбедност и здравје при работа за заштита на здравјето на работниците.

Додека граѓанските здруженија прават анализи, државата воопшто нема усогласени податоци за оваа проблематика. Наместо тоа, надлежните институции имаат сосема спротиставени анализи за несреќите на работните места, со што не може да се добијат одредени заклучоци, за да се детектираат слабостите и да се најдат соодветни мерки за надминување на проблемите, посочува Петковски. Не постои ниту регистар на професионални заболувања кај работници.