Немојте да се загрижите ако забележите дека косата ви опаѓа повеќе од обично, тоа е природен циклус. Во еден момент 90 отсто од нашата коса расте, а остатокот е во мирување (таканаречена телогенска фаза) која трае меѓу два и шест месеци, за потоа да започне да опаѓа.



Значи се работи за природен процес во три фази – раст, мирување и опаѓање.

Кај жените, како што велат научниците, мирувањето на косата се случува во јули, а оваа фаза завршува три месеци подоцна и косата започнува да опаѓа од октомври.

Едно од логичните објаснувања за оваа појава се еволуциските прилагодувања, во лето косата е неопходна за да ја заштити кожата на главата од сонце.

Во есен паѓа и нивото на витамин Д, бидејќи има се помалку сончеви денови, а тоа може да доведе и до значително опаѓање на коса, неуредна менструација и други промени.

Кога на тоа ќе го додадете и фактот дека секоја четврта жена има недостаток на железо, што го зголемува ризикот од анемија и опаѓањето на коса, станува јасно.

Овде во прилог оди и тоа што 10 отсто до жените не внесуваат доволно јод во организмот, што влијае во работата на тироидната жлезда и тоа исто така доведува до опаѓање на коса.

Што да направите? Јадете продукти богати со протеини и внесувајте доволно вода.