Зошто според Билали „не треба да се бара мислење од Венециската комисија за законите за јазици и за правична застапеност за земји како РСМ“?!

„Земји како С.Македонија не треба да бараат мислење од Венецијанската комисија, ниту за законот за јазиците, ниту за законот за правична и соодветна застапеност!“ – ова „експертско мислење“ на политичкиот аналитичар Мерсел Билали го пренесува ТВ Алсат.

Телевизијата истакнува: Во пресрет на подготвителната седница на Уставниот суд во врска со Законот за употреба на јазиците, политичкиот аналитичар Мерсел Билали, кој ќе учествува во расправата, нагласува дека е апсурден обидот за редуцирање одредени делови, бидејќи албанскиот јазик е втор официјален јазик со целосен капацитет во уставната логика, но и во логиката на Венециската комисија и на Советот на Европа.

Според него, за земји како С.Македонија не треба да се бара мислење од Венецијанската комисија, ниту за законот за јазиците, ниту за законот за правична и соодветна застапеност.


„Ќе ја изнесам суштината на проблемот: некој се обидува да го маргинализира албанскиот јазик како да е јазик на малцинство, па дури и да го редуцира во различни сегменти. Но албанскиот јазик е, втор официјален јазик со целосен капацитет во уставната логика и во логиката на Венецијанската комисија, но и на Советот на Европа. Дали мислите дека ќе има правичен пристап од уставниот суд кон албанскиот јазик? Не знам дали некој може да го разложи тоа, бидејќи можете да предвидите секој човек, освен пијан човек, глупав човек, неук човек, националист. Не сакам да навлегувам, затоа што го немам нивниот ментален код што можат да направат. Тие имаат стратегија од некој, што ги менторира одзади, но мислам дека оваа седница ќе им даде поинаква насока и ќе го запре налетот на маргинализирање на позициите“, рече Мерсел Билали – политички аналитичар. /Алсат.мк