Зошто граѓаните не ги осигуруваат своите автомобили?!

Поседувањето на полиса за осигурување на возилото е законска одредба која е задолжителна за секого. Но, и покрај тоа, во сообраќајот во нашата земја секојдневно учествуваат над 50.000 возила на кои регистрацијата им е истечена еден ден, една недела, месец или повеќе месеци (според Централниот систем за издавање на АО полиси во НБО), што значи дека тие возила се движат по патиштата без да бидат регистрирани и осигурени, објави Пари.



Осигурувањето на автомобилот кој го возите, доколку е ваша сопственост, тогаш е и ваша одговорност задолжително да го регистрирате возилото секоја година. Со регистрацијата, автоматски се стекнувате и со авто-осигурителна полиса, со која се заштитувате себеси како возач, семејството или сопатниците кои се возат во автомобилот, но со полисата ги заштитувате и другите учесници во сообраќајот од потенцијалните незгоди и штети кои можат да настанат на секој чекор.

Во основа, полисата за авто-осигурување ве заштитува вас и останатите учесници во сообраќајот од финансиските штети кои може да ги предизвикаат невнимателностите и непредвидените ситуации во сообраќајот.

Од горе изложеното може да утврдиме дека поседувањето на задолжителна полиса за авто осигурување, популарно наречена „авто-одговорност“ е должност на секој учесник во сообраќајот со моторно возило. Тоа ја гарантира сигурноста, особено финансиската, во случаи на непредвидена штета, причинета од возилото, према другите учесници во сообраќајот.

Живеам во голем град, каде што е непредвидливиот сообраќај е се’ освен пријател на вашето возило… но јас тоа го научив на потешкиот начин. Откако ми истече регистрацијата долго време се обидував и понатаму да го возам автомобилот, бидејќи ми беше потребен за работа. Но, како некој Марфиев закон – се’ што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку. Предизвикав сообраќајна незгода со моето неосигурано возило. Но, бидејќи беше моја вина, морав да потрошам значителни средства за да ги покријам сите трошоци“, казна за нерегистрирано и неосигурено возило и висината за предизвиканата штета, вели Дамјан, поранешен скептик и сегашен корисник на полиса за авто-осигурување.

„За среќа, ја научив мојата лекција. Оттогаш редовно проверувам кога истекува регистрацијата на возилото и одговорно ја обновувам пред нејзиното истекување со што добивам и полиса за автомобилска одговорност, бидејќи плаќањето мала сума еднократно, ме заштитува и може да ми заштеди илјадници евра на долг рок“, додава Дамјан. Повеќе може да се прочита на порталот Пари.мк.