Огромната емоција при пеење на македонските песни е една од причините зошто во Бугарија деновиве има отворена хајка против пиринската Македонка Василија Петрова.
Пејачката која има бугарско државјанство а се изјаснува како Македонка е најцрното сценарио за националистичките кругови во Бугарија кои тврдат дека сите Македонци се Бугари и не можат да прифатат кога бугарски државјани се декларираат како Македонци.
Тие што ја слушале и ја познаваат Василија велат дека доволно е да се слушне една нејзина изведба на македонска песна за да ви стане јасно зошто таа е толку напаѓана од бугарските националисти.
Еден од примерите за енергијата која ја создава Василија е исполнувањето на песната Заветна на браќата Ѓорѓи и Миле Барбаровски која оригинално ја пееше Пепи Бафтировски.
,,Заветна” за многумина покрај ,,Денес над Македонија се раѓа” е неофицијалната химна на Македонците.
Како Василија ја пее оваа песна и какви емоција побудува може да видите во линкот
Која е пиринската Македонка Василија?
Поврзани вести
Вознемиреност во Бугарија откако фолк-пејачка од Ќустендил се изјаснила Македонка (ВИДЕО)






