Зоран Милановиќ полага заклетва за втор претседателски мандат

Старо-новиот претседател на Хрватска, денеска ќе положи заклетва за својот втор петгодишен мандат, на инаугурацијата во Кабинетот на претседателот.



Се очекува да присуствуваат стотина гости, меѓу кои четворица потпретседатели на Собранието, но ниту еден претставник од Владата.

Милановиќ по втор пат беше избран за хрватски претседател пред нешто повеќе од еден месец, на 12 јануари, кога во вториот круг го победи противкандидатот Драган Приморц.

На инаугурацијата, која ќе започне денеска напладне, ќе присуствуваат поранешни претседатели на државата, претставници на институции и здруженија, вооружени сили на Република Хрватска, н верски заедници, шефови на партии кои го поддржаа Милановиќ во кампањата, членови на тимот што ја водеше неговата изборна кампања, како и семејството и пријателите.