ЗНМ бара затвор за Бетмен Велит затоа што со прашање наводно поттикнал говор на омраза

ЗНМ го обвини новинарот на Алфа ТВ Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит дека поттикнал говор на омраза и практично бара затвор за поставено прашање.



Во соопштение за јавноста ЗНМ открива дека од странски амбасади и од МВР бара да го осудат прашањето поставено од Илиевски со колешката Лепа Џундева во кое тој ја прашува зошто во интервју со грчки политичар често го користи името Северна иако според законот тоа не мора да го прави.

Конкретната причина за барањето од ЗНМ Илиевски да заврши во затвор е прашањето составено од два збора
,,Добро, зошто” објавени на социјалната мрежа Фејсбук.

Според соопштението на ЗНМ овие два збора објавени од новинарот се вршење на кривично дело поврзано со поттикнување на говор на омраза и закани за што Илиевски според законот треба да добие затворска казна.

Целото соопштение на ЗНМ и Независниот синдикат на новинари:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително ваквите притисоци создаваат чувство на несигурност и предизвикуваат самоцензура во медиумскиот простор.

ЗНМ и ССНМ денеска упатија заедничко писмо до странските амбасади и организации во земјава со особена загриженост во контекст на интернет заканите и нападите врз новинарките.

Последен сериозен случај на закани и поттикнување на говор на омраза на социјалните мрежи беше со колешката Лепа Џундева од ТВ 24, а поврзано со нејзиното интервју со грчкиот пратеник Сиригос. Дел од ова интервју, извадено од контекст, на својот Фејсбук профил објави Богдан Илиевски, ТВ водител на вечерна емисија, со што поттикна говор на омраза и закани кои можат да доведат до насилство. Некои онлајн медиуми како Off.net.mk ја продолжија кампањата за оцрнување кон Џундева, користејќи ја нејзината слика на социјални мрежи со што дополнително се испровоцираа лични навреди, повици за омаловажување како и експлицитни закани по животот на новинарката од страна на трети лица кои коментираат на овие објави.

За овој случај ЗНМ вчера поднесе официјално барање за кривично постапување до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР преку правен застапник во име на колешката Џундева. Оттука, го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да ги преземе сите мерки за расчистување на овој случај, а од ОЈО очекуваме брзо процесуирање и ригорозни казни за оние кои објавуваат закани по животот на медиумските работници.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека онлајн заканите и говорот на омраза на социјалните мрежи може да претставуваат сериозна загрозување на безбедноста. Апелираме до граѓаните да се воздржат од закани кон новинарите и медиумските работници, бидејќи таквите постапки претставуваат кривични дела за кои можат да следат и затворски казни.

Поврзана вест

Редок случај во светот здружение на новинари да бара робија за новинар

Богдан Илиевски може да лежи до 5 години затвор ако Буши го прифати барањето на Чадиковски, Џундева и ЗНМ

Фото компилација expres.mk

Најчитани статии

Што ли се случи со пејачката?

На ТВ скандираше ,,Напред северна” а сега бара само Македонија (ВИДЕО)