Како да се биде успешна жена во сите аспекти од вашиот живот : кариера, семејство, пријатели, грижа за себе…? Едно од честите прашања кое го слушаме секојдневно е „Како ти успева жено?“. Темите за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, менталното здравје но, најважно сликатаза себе и важноста на улогата и очекувањата од жената во секојдневниот живот се доста актуелни последниве неколку години.
https://www.instagram.com/p/DLKLY9OtkFr/
Слушнете ја третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“ во која гостуваат поранешната Мис на Македонија, а денес менаџерка Ана Биновска и адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.
Овие две деловни жени ги споделуваат тајните за тоа како да бидете успешни и задоволни, и како им успева на некои жени да жонглираат со големиот број обврски што им се наметнати. Ги раскажуваат предизвиците со коишто се соочуваат за да одржат баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, родовите стереотипи со коишто секојдневно се сретнуваат, потрагата по перфекционизам и самоприфаќање, но и грижата за себе без чувство на вина и без да се подлегне на наметнати очекувања од околината.
Токму таа индивидуалност е фокусот на кампањата #скрозјас која ја пренесува пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини,квалитети, но и несовршености. Во исчекување на следната епизода на dm поткастот „Женски ритам “, споделете, коментирајте на dm профилите на социјалните мрежи за да се вроди што поплодна дискусија за најважните женски теми!







