Кандидатот за претседател од движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски вели дека нема да колицира со актуелното раководство на СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ вели дека не би коалицирал доколку оваа партија се уште има стари навики.



„Едно можам да кажам со најголема одговорност, дека ние како ЗНАМ, новоформирана партија, никогаш нема да формираме мнозинство со актуелниот лидер на СДСМ“ изјави Димитриевски во „Клик плус“ на ТВ 21.

Но, од друга страна, тој вели дека за идната коалиција секако нема да разговара со никој од ВМРО-ДПМНЕ доколку тие се држат до старите наративи и навики.

„Ја заматија водата, нека коалицираат, па и добро да комуницираат меѓу себе, а ние со граѓаните ќе останеме во опозиција“, вели Димитриевски. (Telegrafi)