Знае ли германскиот европратеник Михаел Галер кој што преку амандман на извештајот на Европарламентот сакаше да не прогласи за ,,модерни”, што мисли Бундестагот за Македонците?
Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит потсетува дека германскиот парламент веќе донесе резолуција за Македонскиот идентитет во која го нема епитетот ,,модерни”.
Галер пред неколку дена под нечие влијание побара Македонците да се прогласат за ,,модерни” како што и одговара на бугарската национална позиција која тврди дека ,,немодерните Македонци” се Бугари.
,,На Галер некој да го потсети на резолуцијата на неговиот Бундестаг. Не гледам ништо “модерно/современо” овде.
Или не лажеВа и тогаш?
Се подзабораваат работи ама чичо е тука да потсетува”, пишува Илиевски за Германецот кој се обиде да протурка Бугарска агенда во Европарламентот.
Што вели германската резолуција во линкот
https://www.facebook.com/share/p/1AkstJ4qp8/?mibextid=oFDknk






