Најдобриот фудбалер на светот е нетипичен по многу нешта. Го следат контроверзи, го гонат симпатизери, медиумите се на секој негов чекор. Но и покрај сиот интерес до пред некое време беше нејасно зошто Кристијано Роналдо нема ниту една тетоважа на телото, а има мал милион причини за тоа. И деца да ги испише нивните имиња, и фамилија што ја почитува, и девојки претходно и сопруга сега, па ако сакате и невидена жалба да биде успешен. Ова се само дел од мотивите на „исшараните“ кои се во мнозинство во моментов во светскиот супер спорт.
Причината е во крвта и во големото срце на Кристијано. За Португалецот се знае дека често донира средства и тоа не мали во најразлични установи и организации, но малкумина знаат дека тој е и редовен крводарител, а сакајќи да ја остави најпотребната течност целосно чиста, тој се решил да ги избегнува тетоважите.