Јавното претпријатие „Национални шуми“ очигледно има и некои други амбиции – да се вклучи во угостителскиот сектор.
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, на официјалниот фејсбук профил објави фотографија од возило на ЈП Национални шуми, како растовара столици на Боемска улица.
„ЈП Национални шуми да провери што ѝ се прави со службените возила оти граѓани нас ни праќаат слики дека растовараат столици пред кафеани на Боемска…“ стои во објавата.






