Вечерва во општинската зграда во Солун, упаднале членови на ултранационалистичката „Златна зора“.



„Златна зора“ чии активисти се познати по своето насилно однесување извикувале  навреди против Македонија и расфрлувале печатени материјали и истакнале транспарент „Македонија е грчка“, јавува весникот „Независен“.

Упадот, како што се дознава, се случил за време на општинска седница. Меѓу приврзаниците на „Златна зора“ (Хриси авги) кои влегоа во општинската зграда, двајца се и пратеници во грчкиот парламент.

За „Затна зора“ се зборува дека ќе биде една од најгласните на антимакедонскиот митинг кој в недела треба да се одржи во Солун.