Златен медал за Јан Стојановски на Европската олимпијада по физика во Грузија

Јан Стојановски ѝ донесе златен медал на Македонија од 8. Европска олимпијада по физика што се одржа од 15 до 19 јули во Кутаиси, Грузија, во конкуренција на 270 ученици од 54 држави, од кои 36 од Европа.



„Честитки за Јан за кој ДФРМ не се сомневаше дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика, како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година. Од сè срце ти го посакуваме и златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика која од 21 до 29 јули 2024 година ќе се одржи во Исфахан, Иран!“, објави Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).