Златев за бадникарските огнови: Народни традиции во развојот на малигните заболувања

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев отвара дебата за поврзаноста на бадникарските огнови со еколошките прашања и растот на малигни заболување во Македонија.



Неговата мини студија отвара многу дилеми кај приврзаниците и противниците на оваа традиција што се случува за Бадник.

,,Коледарските огнови и историско – културолошко – политичката неможност за нивно искоренување се еклатантен доказ за канцерогената природа на народните традиции.

Нивото на ПМ 2.5 честички кои вечерва ќе го продуцираат огновите (исто како сите години наназад откако се мери загадувањето), може да биде земено како емпириски доказ за мултидисциплинарно истражување на релација антропологија – етнологија – патолологија – ункологија кое би било насловено: Придонесот на народните традиции во развојот на малигните заболувања.

Енваерменталисти во Македонија мислам дека немаме… Така што треба да увеземе за да се замимаваат со ова прашање…

Политиколозите би требало да се занимаваат со тоа зошто властите со децении немаат воља да ја искоренат оваа традиција?

Правниците пак, би го фатиле делот зошто не се спроведува законот и во име на традицијата се дозволува вакво дивеење на јавни површини?

Впрочем, ова прашање има и конституционалистичка природа затоа што палењето огнови е синоним за племиња, па судејќи по карактерот на државава може да се направи трид насловен: Конституционалистички осврт кон балканскоте племиња кои влечат племенски карактеристики во современо републиканско уредување.

Економистите може да фатат да теоретизираат за rational choice и public choice и агрегатно да квантифицираат колку кобасици ќе се изедат и како тоа ќе влијае на БДП.

Впрочем, економистите може и со прст да не мрднат, затоа што тие сепак први ја дефинираа феноменологијата на овие традиции на лумпениот пролетарјат уште со рамката на дијалектичкиот материјализам на Маркс и Енгелс…”, пишува Златев.