Златев го уништи Божиновски откако инфлуенсерот ширеше говор на омраза

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев на социјалните мрежи со пост на Фејсбук го уништи Божидар Божиновски откако инфлуенсерот кој се претставува како писател и поет ширеше говор на омраза.



Златев реагира на постовите на Божиновски кој им порача на сите чии имиња за делуваат на – иќ, – ов, – ев, дека немаат право да решаваат за Македонија.

,,Ова “иќ”, “ов”, .”ев” то можат да одлучуваат за Краљево и Благоевград во Македонија малку потешко”, напиша Божиновски во својот излив на говор на омраза.

Колку е глупа пораката на Божиновски може да се види од примерот со Гоце Делчев или од поново време Пандов или Панчев.

Златев во негов стил му порача дека обично не коментира пропалитети, но овој пат морал да реагира.

,,Особено затоа што вакви сакаат да креираат јавно мислење во Македонија по принципот ем шуто ем боде.
Простачево Божидар Божиновски вели дека ние на “ев”, “ов” и “иќ”, не сме имале право да одлучуваме за Македонија. Ништо позатуцано не сум прочитал во животот, особено затоа што сегде каде каде што се зборува славјански јазик, може да се најдат сите овие завршетоци на презиме и во суштина како ти завршува презимето не дефинира што си по етникум или нација.

Еве јас да си го кажам мојот род Македонски, па ти покажи си го твојот. Ако воопшто го имаш и го знаеш, во што чисто се сомневам…

Потекнувам од родот на Злате Рабушчијовец од село Радобил. Родот им го викале Рабушчијовци, затоа што собирале данок со рабуш (прогуглај што е тоа) низ селото и низ Мариовскиот крај. Откако ќе го собереле Рабушчијовци данокот го носеле носеле кај турците за да ги остават на раат. За тоа читаш приказни за Итар Пејо, во тој крај луѓето биле слободни поголемиот дел од историјата…

Да копито едно обескоренето, во нашиот крај сме си плаќале за да бидеме слободни и да бидеме Македонци!
Злате, во 18 век од спахиите купил земја и на неа заедно со уште двајца ортаци си основале ново село, кое го нарекле Ќесендре, поради тоа што со ќеси лири било платено за да биде слободно. Подоцна запослувале други семејства, на кои им давале да изградат куќи и земја. Се проширило до 250 куќи, денеска нема ниту еден жител поради таквите како тебе…

За време турско, секој роден во нашиот род бил заведен како Рабушчијавец! Не на “ов”, “ев”, “ски”, “иќ” туку на “ец”. Сум истражувал по турски архиви, српски и бугарски архиви и сум ги нашол скоро сите припадници на родот по име и презиме. Ако сакаш да знаеш која е вистинското презиме за македонците, тоа завршува на “ец”. Во твојата генеза веројатно нема да најдеш презиме што завршува вака, затоа што е очигледно дека ти не потекнуваш од род. Да потекнуваше, немаше вака да размислуваш…
Кога дошле Србите, искрено и без навреда, не сакале и тие да си имаат работа со закрепостени селани како тебе, па побарале сојузници кај нас слободните.
Пра-пра дедо ми учествувал во нивните операции и искрено не сум горд што бил дел од етничкото чистење на турците од нашиот крај. Се викал Нешко, па на целото семејство им го дале презимето Нешковиќ. Крштален кум на дедо ми е началникот на жандармеријата, Србин, кој му дал име Љубомир, дедо ми е чист македонец од Македонија, но ете, поради тоа што е роден во српско му дале презиме на “иќ”. Во исто време, тој е вториот во нашето семејство кој има словенско име…
Отишле Србите, дошле Бугарите, со нив сме добиле ново презиме, сме станале Нешкови!
Кога дошла СФРЈ, ни земале многу земја, но родот не сме го дале. Прадедо ми Славе, самиот отишол во матично и си го ставил презимето Златев.
Што значи Златев?
Златев, значи дека е од фамилијата на Злате! Чив е тој? ЗлатЕВ е! Токму затоа го имаме тоа “ев”, затоа што сме од неговиот род, од родот на Злате кој со злато си ја купувал слободата…
Има некои роднини кои се и Златевски, но, пра дедо ми не чул дека кај нас се користи “ски” за да се покаже чив е, па токму затоа инсистирал и ТВОИТЕ КОМУНИСТИ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА БИДЕ ЗЛАТЕВ!
Не ти ја кажувам приказната за Злате за џабе, туку затоа што има во неа една голема поука, копито едно:
Независно дали сум Златев, Златевски, Златевсен, Златевоглу, Златевиќ, Златушевску, Златевшенко или Идризи, Јонузи, Ахмети… или било како: Јас имам право да одлучувам за Македонија затоа што јас плаќам даноци и јас секојдневно издвојувам пари за Македонија!
Исто како Злате Рабушчијавец во отоманската империја што си купувал слобода со пари и данок, така и ние денес сите си купуваме право да одлучуваме за нашата земја независно од нашето потекло, презиме, род, етникум, вера…. Македонија е на секој кој плаќа за неа и со тоа има право да одлучува за неа! Секое различно размислување од ова, ги дели луѓето по потекло на купчиња по потекло (итл: Фашо) и се вика ФАШИЗАМ!”, пишува Златев.

Божиновски преходно во својот излив на омраза порача дека тој не бил виновен ,,шо сте имале 70 години да смените на “ски” па сте нејќеле. То е веќе ваш проблем. Нема да се вратат овде ни Бугари, ни Срби, ни Руси, можите слободно да смените”.