Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев е вџашен од Мирјана Најчевска откако таа си замина од студиото на Само Вистина и го нарече нејзиниот партнер во дебатата Петар Богојески глупав како точак.
Златев не навлегува во конфликтот меѓу двајцата гости на Канал 5 но спори тоа што Најчевска преку навредата кон Богојески ги навредува и корисните и еколошки превозни средства, велосипедите
,,Пред да излезе од студиото на Канал 5, Мирјана Најчевска рече дека одбива повеќе да дебатира со Петар Богојески, затоа што е глупав како точак.
Следејќи ја научната етика, имам една огромна забелешка на изнесеното.
Имено, со ова тврдење професорката Најчевска имплицира дека точаците се глупави.
Сепак, оваа импликација беше изнесена без соодветен научен доказ и референца.
Вџашен сум од оваа научна недоследност и овој говор на омраза. Зошто овие благородни и еколошки превозни средства вака неосновано да се навредуваат”, пишува Златев кој бара научни докази од Најчевска за своите тврдења.
Златев не бара извинување на Најчевска во име на велосипедите.
Најчитани статии
Партијата не се оградува од ставот на својот функционер кој смета дека претседателот на САД е глупав
Адвокат партиски другар на Најчевска го прогласи Трамп за глуп
Адвокатскиот тим на прогнозерот Славчо Попоски ја алармирал полицијата и го следи говорот на омраза






