Ваква одлука донел Основниот суд во Тетово на 20 јануари годинава, постапувајќи по барањето за промени во статутот на партијата, објави 360 степени.
„Барањето за запишување на промена на претседател на политичка партија Алијанса за Албанците со седиште во Тетово и барањето за промена на статутот на партијата се уважува“, се вели во решението на Основниот суд во Тетово.
Според тоа, во судскиот регистар на политички партии што се води во Основниот суд во Тетово се запишува:
„Промена на претседателот – во иднина за претседател на партијата се именува Зијадин Села на место на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари.“
Во образложението , Судот наведува дека е земен предвид членот 47 од партискиот статут во кој е наведено дека претседателот на партијата го разрешуваат две третини од пристуните делегати на Конгресот и оти од овие причини е прифатен предлогот за разрешување на лидерот на партијата Арбен Таравари.
Во април минатата година тетовскиот суд донесе одлука со која Зијадин Села ги доби печатите на Алијанса за Албанците со што и официјално стана претседател на партијата. Во Судот беше поведена постапка за да се одлучи кој има право да ја води АА откако партијата се подели на две крила – на Зијадин Села и на Арбен Таравари.






