Портпаролот на Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија вчера, 13 декември, изјави дека во план е зголемување на поддршката за Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за речиси 600.000 евра.
Инвестициската рамка беше формално основана во декември 2009 година, под заедничка иницијатива на Европската комисија, на Банката за развој на Советот на Европа, Европската банка за обнова и развој и Европската Инвестициона банка.
Целта е поддршка на унапредувањето на животната средина, енергетиката, транспортот, социјалните прашања и развојот на приватниот сектор.
„WBIF се покажа како ефективна алатка во претпристапна помош на ЕУ за земјите од Западен Балкан и има огромен влијателен ефект, поради што Федералното Министерството за надворешни работи одлучи да ја зголеми поддршката за WBIF оваа година за нешто помалку од 600.000, – на 1,6 милиони евра. На овој начин, Сојузната влада силно го поддржува претпристапниот процес на шесте земји од Западен Балкан кон Европската унија и го нагласува интересот на Германија во подобрувањето на економската динамика на земјите од Западен Балкан Балкан.
Поголемиот пристап до вредностите на ЕУ, исто така, придонесува за понатамошниот демократски, уставен и економски развој на овие земји во нашето непосредно соседство. имплементацијата и успехот на значајните реформи во земјите од Западен Балкан се во наш интерес, сметаат од германското Министерство.
Поддршката на WBIF беше проширена и на дигитализација на состанокот на Управниот комитет во Франкфурт на 13 декември 2017 година, велат од Министерството.
Придонесот на Германија во овој финасиски фонд досега изнесува над 11 милиони евра. Најголеми донатори заедно со Германија се и . Норвешка, Шведска и Австрија.
Оваа поддршка со шесте земји од Западен, не е ни вредно да се споредува со милијардите што ЕУ и ги позајмува на Грција за консолидација и за враќање на еднормниот долг на земјата тежок стотици милијарди евра.




