Зејнели: Албанците  ќе создадат паралелен систем ако не станат државотворен народ! – Спорен е идентитетот на Славомакедонците!

„Албанското прашање во Македонија мора да се реши на демократски и политички начин со исполнување на следниве барања:1. Да се ​​создадат два ентитета во Македонија: албански и славомакедонски ентитет. Границите на албанскиот ентитет би се протегале во северозападниот дел на Македонија до таму кај што се зборува на албански јазик: во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, во Дебар, Кичево, Струга. Албанците живеат во своите етнички предели и во Охрид, Преспа, Ресен, Битола, како и во некои велешки и прилепски села; или 2. Да се создаде во Македонија политичко-територијална единица, која би ги опфаќала претходно споменатите градови, од Куманово до Струга.“ – вели Џелал Зејнели, „аналитичар“, публицист и албанолог од Тетово, во својата контроверзна колумна со наслов „Албанското прашање во Македонија – политички статус“, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и во Балканот. Посебно е проблематична скандалозната навреда, која ја упатува Зејнели до целиот македонски народ, велејќи: „Славомакедонците се народ со спорен идентитет. Тие не можат да бидат единствени наследници и носители на државноста.“



Во својата колумна, која многу повеќе наликува на „список на желби“ со нескриени закани, кои ќе се остварат, „ако не бидат исполнети поставените барања“, овој „аналитичар“, покрај другото, натаму пишува: Заради решавање на албанското прашање треба да се исполнат и овие барања: 1. Федерализација на Македонија; 2. Да се создаде двонационална Македонија; 3. Да се основа дводомен парламент, во кој законите ќе се усвојуваат едногласно, или со консензус, што значи етничките заедници да добијат право на употреба на вето; 4. Албанците да станат народ, кој ќе донесува одлуки; 5. Албанскиот јазик да се официјализира на целата територија на Македонија.

6. Да се променат знамето и химната на државата, бидејќи со нив се идентификува славомакедонската етничка заедница; 7. Да се промени и грбот на државата, бидејќи не содржи ниедна карактеристика на албанската етничка заедница; 8. Војната од 2001 година да го заземе своето заслужено место во историјата на Македонија и да се вклучи во училишните и универзитетските учебници во оваа земја; 9. Албанскиот дел од парите, потрошени за проектот „Скопје 2014“ да им се врати на Албанците; 10. Да се ослободат сите албански политички затвореници од затворите на Македонија.

Ако славомакедонската страна ги одбие барањата на Албанците да здобијат државотворен статус, тогаш тоа може да ги принуди: Да дејствуваат политички надвор од институциите; Да применат политика на активна и пасивна граѓанска непослушност; Да создадат паралелен систем; Да го искористат своето право на самоопределување.

Северозападниот дел на Македонија претставува непрекинат етнички, јазичен, историски, културен и етнографски континуитет во состав на албанските национални територии во Балканскиот полуостров. Без да се реши албанското прашање, Македонија никогаш нема да биде стабилна и демократска држава.