„Не запираат оставките во Алијансата за Албанците на Арбен Таравари по неговата одлука да ја напушти коалицијата Вреди и да се приближи кон ДУИ на Али Ахмети. Бесник Ајвази, кој ја извршуваше функцијата претседател на огранокот на Алијансата во Гази Баба, исто така поднесе оставка од партиските структури.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ во својата вест со наслов „Нови ‘крвопролевања’ во АА на Таравари – структурите продолжуваат во Вреди“, пренесувајќи ја објавата на Ајвази на неговиот фејсбук-профил.
Преку општествените мрежи Бесник Ајвази им порача на Арбен Таравари и на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ: „Следејќи ги последните политички случувања како и случувањата внатре во Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, верувам дека е здраво од овој момент да поднесам оставка од претседателството во огранокот на АА во Гази Баба. Мојот придонес ќе го продолжам во Вреди! Се борев 13 години против злото на Албанците, јас и сето мое семејство сме заколнати на оваа борба!“






