Само во последните два месеца во Макдонија биле увезени 88.753 килограми зелка, најголем дел од Албанија, а помал дел од Италија, Шпанија и од Холандија.
„Во државата влегуваат големи количества на земјоделски производи со сомнителен квалитет и покрај тоа што имаме доволно домашно земјоделско производство.
Нашите барања до надлежните институции е под итно да се запре увозот, да се стави контрола на откупните центри, да се дефинираат производствените цени и да се одредат реални откупни цени кои ќе бидат прифатливи за земјоделците, трговците и граѓаните со цел да се обезбеди економска одржливост и квалитет на земјоделското производство“, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, од Националната земјоделска мрежа.
Речиси половина од пролетната зелка остана да скапува на нивите, а земјоделците почнаа да ја нудат и на социјалните мрежи.
Велат дека не сакаат да ја дадат за еден до два денара и затоа ја нудат бесплатно на граѓаните.
Кој сака може да си набере зелка директно од нивите во Струмичко. Земјоделцитев елат дека се очајни, бидејќи само мал дел од зелката е продаден и тоа под производствената цена.
Дел од родот го подариле на роднини, пријатели, соседи…, пишува Вечер.






