Украинскиот претседател Володимир Зеленски, говорејќи за целите и стравовите на Владимир Путин, рече дека рускиот претседател наскоро ќе умре, пренесува Дејли мејл.
Зеленски вели дека втората работа од што се плаши Путин е – губење на власта.
„Тоа зависи и од стабилноста на општеството, но зависи и од неговата возраст – тој наскоро ќе умре, тоа е факт и сè ќе биде готово“, изјави Зеленски на група новинари.
Зеленски не објасни зошто мисли дека 72-годишниот Путин „наскоро ќе умре“, а новинарите не го ни прашале.
Зеленски најпрвин сугерираше дека Путин се плаши од дестабилизација на руското општество поради различни фактори, а потоа ја изговори горната фраза со мрачна прогноза за рускиот претседател.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин.
„Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смрт“, смета Зеленски.





