Украина чека одобрување на преговарачката рамка и почеток на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) во јуни, изјави претседателот Володимир Зеленски синоќа во своето вечерно видео обраќање, цитирано од „Укринформ“.
„Само што разговарав со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Активно ја подготвуваме следната фаза на зближување со Европската унија за јуни – очекуваме одобрување на рамката за преговори и вистински почеток на преговори за пристапување на Украина“, нагласи Зеленски.
Тој нагласи дека Украина и Украинците го заслужуваат тоа и дека и на ЕУ ѝ е потребно тоа.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола за време на посетата на Киев по повод Денот на Европа изјави дека ЕП целосно ќе ја поддржи Украина во сите фази од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.






