Украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот дисидент Алексеј Навални се меѓу фаворитите за овогодинешната Нобелова награда за мир, јавува Ројтерс



Но, експертите велат дека активистите за жените, домородните народи или животната средина би можеле да ја „украдат наградата“.

За наградата беа номинирани вкупно 286 кандидат меѓу кои фаворити се Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (UNRWA), Меѓународниот суд на правдата и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш , какои – папата Франциско.

Сепак, норвешкиот Нобелов комитет може да приреди целосно изненадување во објавата на 6 октомври.

Планетатат е во војна, Нобеловата награда за мир можеби и нема да се додели

Во обложувалниците Зеленски се смета за главен кандидат да се приклучи на славната листа на лауреати, од Нелсон Мандела до Мартин Лутер Кинг.

Но, специјалистите за Нобелови веруваат дека како воен лидер, украинскиот претседател најверојатно нема да биде именуван.