Амбасадата на Украина во Република Кипар категорично ги отфрли обвинувањата дека претседателот Володимир Зеленски купил казино во градот Киренија, кој се наоѓа во Турската Република Северен Кипар, признаен само од Анкара.
Тврдењата се опишани како „уште една лага“ со цел да се дискредитира Украина и нејзиното раководство, како и да се создаде дипломатска тензија меѓу Киев и Никозија.
Според гласините кои кружат во медиумите, Зеленски е новиот сопственик на казиното и хотелот Vuni Palace Casino and Hote – едно од најголемите казина во Европа, лоцирано во Киренија, Северен Кипар.
Меѓутоа, амбасадата категорично ги демантираше овие тврдења. Тие нагласија дека „руската пропаганда шири лажна приказна“ и рекоа дека нема докази за поддршка на овие тврдења.
Контроверзниот извештај е од опозициската веб-страница Oda.TV, која објави напис во кој се тврди дека додека западните земји ѝ обезбедиле на Украина финансиска и воена помош, Зеленски го насочил своето внимание кон казино индустријата.
Веб-страницата тврди дека компанијата наречена Film Heritage Inc., регистрирана во Белизе и за која се верува дека е во сопственост на Зеленски според протечените „Pandora Files“ од 2021 година, го купила хотелот Vuni Palace Casino на почетокот на мај оваа година.
Од OdaTV не ја прецизираа цена,та но истакнаа дека бараната цена за објектот била 150 милиони фунти.
Казиното, изградено во 2006 година, наводно престанало да прима резервации од 27 мај, според Booking.com.
И покрај овие обвинувања, украинската амбасада продолжува да стои на своето тврдење дека информациите се лажни и дел од поширокиот обид за поткопување на меѓународната позиција на Украина. (Њуз.бг)






