Зеленски: Нема да биде лесно да ме заменат!

Володимир Зеленскиј изјави дека би отстапил од местото претседател во замена за украинско членство во НАТО, јави Скај њуз



„Замената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО – ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија, рече Зеленски, јави Скај њуз.

Тој предупреди дека нема да биде лесно да го заменат.

„Не е доволно само да се одржат избори. Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко“, рече Зеленски.

Имаше повици украинскиот претседател да се повлече од функција по скандалот во Белата куќа.

Мандатот на Зеленски истече во мај минататат година, а во сегашните воени услови, избори во земјата се речиси невозможни.